Северна Кореја ја укина забраната за движење во Пјонгјанг

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја ја укина забраната за движење во Пјонгјанг за прв пат по регистрирањето на корона вирусот пред неколку недели, објавија државните медиуми, па властите велат дека ситуацијата со вирусот сега е под контрола.

Loading...

Од недела се укинати мерките за заштита од вируси, објави јапонската новинска агенција Кјодо, повикувајќи се на неименуван извор од Пекинг.

 

Лидерите на ЕУ денеска на состанок, тема – УКРАИНА

 

Портпаролот на Министерството за обединување на Јужна Кореја изјави дека не може да го потврди тој извештај, бидејќи севернокорејските државни медиуми не објавија дека се укинати антивирусните мерки, пренесе Ројтерс.

 

Победниците на Евровизија го продадоа пехарот

Loading...

 

Северна Кореја соопшти дека уште 100.710 луѓе покажале симптоми на треска и дека уште едно лице починало до недела навечер, па бројот на загинати сега е 70.