Северна Кореја ја гледа новата воена стратегија на Јапонија како закана за меѓународниот мир

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја во вторникот ја осуди новата воена стратегија на Јапонија како „сериозна“ закана за меѓународниот мир, која „фундаментално ја промени“ регионалната безбедносна ситуација, предупредувајќи дека Пјонгјанг е подготвен за „вистинска акција“.

Loading...

Минатиот петок Јапонија објави историска промена во безбедносната политика, со планови за масовна мобилизација и удвојување на воениот буџет поради растечките амбиции на нуклеарните сили во регионот, Кина и Северна Кореја.

Според новата стратегија, буџетот за одбрана на Јапонија речиси ќе се удвои во следните пет години, на два отсто од БДП, што ќе ја направи трета по големина во светот, по САД и Кина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Експлозија во фабрика во Турција, најмалку 12 лица загинаа

„Јапонија создаде сериозна безбедносна ситуација со усвојување на нова одбранбена стратегија, која вклучува капацитет за преземање превентивни напади против други земји“, изјави портпаролот на севернокорејското Министерство за надворешни работи.

Според истиот извор, како што јави официјалната новинска агенција KCNA, Јапонија „фундаментално го промени безбедносното опкружување во Источна Азија со официјализирање на новиот план за агресија“.

„Токио ќе разбере дека овој избор е многу опасен и лош“, додаде портпаролот и рече дека Пјонгјанг ќе ја изрази својата загриженост и незадоволство од конкретните активности.

Ревидираната безбедносна стратегија, објавена во владиниот документ од премиерот Фуми Кишида, е отстапување од пацифистичката безбедносна доктрина по Втората светска војна, наметната на Јапонија од страна на САД.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стармер: Се надевам на мир во светот, особено на Блискиот Исток

Јапонија смета дека денешното безбедносно опкружување е „најсериозно и најкомплицирано“ од Втората светска војна и е особено загрижена поради военото присуство на Кина во регионот како „најголем стратешки предизвик“ на сите времиња.

Loading...

Официјален Токио е загрижен и за присуството на кинески бродови во близина на архипелагот Сенкаку во Источното Кинеско Море. Јапонија го контролира островот, но на него тврдат и Кина и Тајван.

Со „давање јасна, недвосмислена стратешка изјава за улогата на Јапонија како гарант за безбедноста во Индо-Пацификот“, Кишида започна „нова ера во одбраната на демократијата“, напиша во петокот американскиот амбасадор Рам Емануел.

И покрај ова, Јапонија рече дека сака да се придржува до политиката „единствено насочена кон самоодбрана“, нагласувајќи дека не сака да стане воена сила.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џихадистите запалија елка во Сирија: Гневните христијани излегоа на улица со пушки и крстови

Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.