Северна Кореја истрела уште една ракета

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја истрела уште една ракета кон Јапонското Море денеска, втор ден по ред, јави јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“.

Loading...

Агенцијата соопшти дека новото пукање е извршено во време кога САД и Јужна Кореја спроведуваат заеднички поморски вежби.

Началникот на Здружениот Генералштаб на вооружените сили на Јужна Кореја објави дека Пјонгјанг лансирал неидентификуван тип на ракета кон Јапонското Море.

Повикувајќи се на извори од Владата на Јапонија, јапонската агенција „Кјодо“ претходно објави дека проектилот паднал надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија и дека нема материјална штета.

Војската на Јужна Кореја претходно објави дека Северна Кореја истрелала неидентификуван проектил.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Протести во Куба поради недостиг на храна и електричната енергија

Северна Кореја вчера тестираше и балистичка ракета со краток дострел.