Корпорацијата „Mangyongdae Information Technology“ од Северна Кореја го претстави својот нов паметен телефон кој многу потсетува на познатиот „Ајфон“.
Смарфонот е наречен Jindallae 3, пишува „Дејли Мејл“.
Loading...
Нема подетални информации за самиот телефон, но името е инспирирано по еден корејски цвет.
Истражувачката група ги следи намерите на Партијата активно да се развиваат врвни технолошки уреди – истакнуваат властите од Северна Кореја.
Во изјавата уште стои дека произведувачот успешно решил две пречки во развојот на телефонот без никакви потешкотии и тоа на корејски начин.
Според извештаите кои се достапни во јавноста, комплетниот развој на телефонот, вклучувајќи го и дизајнот и оперативниот систем, настанале во Северна Кореја.
Од друга страна, аналитичарите на пазарот сугерираат дека Jindallae е направен надвор од Северна Кореја, а дека одредени кинески модели служеле како инспирација.
Телефонот е претставен уште во март, но дури сега се појавуваат првите фотографии.
The smartphone, dubbed the Jindallae 3, was reportedly created by the state-run DPRK's Mangyongdae Information T… https://t.co/dVavIp5DVk
— Thus Spake (@thus_spake) June 26, 2017