Северна Кореја: Четворица пациенти со треска имаат грип, а не коронавирус

Сподели со своите пријатели

Четири случаи на „треска“ пријавени во Северна Кореја биле позитивни на тестот за грип и немаат КОВИД-19, како што претходно се сомневаше.

Loading...

Четири нови случаи на треска беа идентификувани на 23 август во провинцијата Јанганг, на границата со Кина, објави КЦНА.

Поради сомневање дека се појавија нови случаи на зараза со корона вирусот, теренот вчера е ставен под карантин и мобилизирани се екипи за брза дијагноза и лекување.

Од 10 август, Северна Кореја нема регистрирано ниту еден случај на инфекција со корона вирусот откако лидерот на земјата Ким Џонг Ун прогласи „победа“ над вирусот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци