Официјални лица во американската држава Северна Дакота не се соочуваат со проблем на пребројување на гласовите на претседателските и парламентарните избори, туку со проблемот на мртов човек кој победил на една од изборните трки.
Loading...
Републиканецот Дејвид Андал почина во октомври на 55-годишна возраст од компликации поврзани со коронавирусот, но неговото име веќе беше на гласачкото ливче и немаше начин како да се отстрани. Откако почина, изборните службеници изјавија дека не се сигурни што да сторат доколку победи Андал.
Тој беше еден од двајцата главни кандидати за државен претставник во државната област 8, освојувајќи 35,5 проценти од гласовите.
Пандорка Арсовска-Гацова