Северина ќе се вери по петти пат, и тоа со 15 години помлад партнер

Сподели со своите пријатели

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ и српскиот спортски менаџер Игор Којиќ планираат свадба во октомври, а гостите веќе кон крајот на овој месец ќе почнат да добиваат покани, пренесуваат српските медиуми.

Loading...

Capture

За Северина, ова е петти пат да биде верена, но овојпат, интересно е што таа го запросила Игор.

Северина во џет – сетот е позната и како  „кралица на прстените“, но за Игор вели дека дури сега го нашла вистинскиот маж за неа, што го потврдува со зборовите дадени во интервју дека  „Игор е мојата љубов за цел живот.“

Истото за неа го мисли и Игор кој неодамна изјавил: „Ако постои совршена жена, Северина и е најблиска. Најубава работа е безусловно да сакате и да бидете сакан“.

Capture

Северина е 15 години постара од Игор, но тоа воопшто не претставува проблем. Нивната љубов почнала во февруари годинава. Се запознале на концертот на Северина во Белград, на кој Игор дошол со долгогодишниот пријател Едвин Софтиќ.

Capture1

Loading...

– Сега ми се чини дека оваа љубов ќе трае цел живот – рекла Севе после само два месеци врска и така открила дека е вљубена до уши.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.