Сестрата на Мајкл Џексон, Ла Тоје Џексон неколку пати својот татко Џоа Џексон го бовинувала за наводно злоставување во детството и малтретирање на единаесетте браќа и сестри.
– Кога твојот татко ќе излезе од креветот кој го дели со мајка ти и влезе во кревет со својата ќерка, а ја слушаш својата мајка како вели: „Не, Џо, не вечерва, уморна е, пушти ја да се одмори“, тоа те полудува, напишала Ла Тоје во мемоарите од 1991 година.
Таа, наводно, имала само 11 години кога силувањата започнале.
– Не беше тоа само физичко злоставување туку и ментално и сексуално. Реби се отсели од куќата на 16 години поради тоа, напишала таа.
Како што додала Џо Џексон постојано ја злоставувал Реби.
На прашањето на водителот дали таткото ја злоставувал и нивната сестра Џенет Џексон, Ла Тоје одговорила оти не знае затоа што Џенет за тоа никогаш не зборувала.