Септемвриската пензија повисока за 6.8 проценти

Сподели со своите пријатели

Со септемвриската пензија околу 330 илјади пензионери во државата добиваат повисоки пензии за 6.8%, согласно новата методологија воведена со последните измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година.

Loading...

Новата Методологија предвидува усогласување на пензиите со комбиниран модел од 50% пораст на просечната плата на сите вработени во државата и 50% пораст на трошоци на живот, согласно официјалните податоци на Државниот завод за статистика.

Притоа, усогласувањето ќе се врши два пати во годината, односно во март и септември, според процентот кој се добива како збир на порастот на индексот на трошоци на живот во претходното полугодие и процентот на порастот на просечно исплатена плата на сите вработени во државата во однос на полугодието кое му претходи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стотици илјади луѓе протестираа во Аргентина

Усогласувањетео ќе ги следи промените во двата индекси. На овој начин се обезбедува постојан раст на пензиите.

Министерството за труд и социјална политика известува и дека ваквото решение односно воспоставувањето на новата методологија е направена низ дијалог со Сојузот на пензионери на Македонија и Партијата на пензионери, како претставници на нашата највозрасна категорија на граѓани во државата.

Носењето на решенија на долг рок и нивна одржливост од кои директна придобивка имаат граѓаните со акцент на ранливите категории е приоритет на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за труд и социјална политика.

Интегрално соопштение: МТСП