Сепаратисти: Украинците убија 40 бранители на Мариупол

Сподели со своите пријатели

Проруските сепаратисти во источна Украина тврдат дека најмалку 40 украински борци заробени за време на падот на Мариупол биле убиени во украинското гранатирање на затвор.

Loading...

Данил Безсонов, портпарол на проруските сепаратисти во регионот на Доњецк, изјави дека најмалку 40 украински воени заробеници загинале, а 130 се повредени кога украински гранати погодиле затвор во селото Јеленовки.

Руско Министерство за одбрана: Таму се заробени борци од Азов

„Директен удар во касарната зад затворениците. Воено-политичкото раководство на Украина јасно одлучи да се ослободи од непотребниот товар“, рече Безсонов.

Тврдењата на проруските сепаратисти денеска ги повтори руското Министерство за одбрана во својот дневен извештај.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Песков: Замрзнат конфликт во Украина не е опција за Русија

Москва тврди дека затворот бил погоден од американски ракетен фрлач со повеќе цевки ХИМАРС.

Руската прорежимска агенција РИА Новости тврди дека Украинците ја погодиле казнената колонија 120 во селото Јеленовка, каде биле одведени борците од Азовскиот полк кои биле заробени по падот на Мариупол.

Бранителите заробени по жестоки борби за Азовстал

Руските сили и сепаратистите ги заробија украинските борци по жестоките битки за Мариупол, украинско пристаниште на брегот на Азовското Море, каде украинските бранители со месеци се спротивставија на руските напади од огромната фабрика за челик Азовстал.

Оваа информација не е независно потврдена. Киев сѐ уште не се огласил за нив.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто Шолц не сака да испорача Таурус во Украина?

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.