Сепак одиме на избори на 5 јуни

Сподели со своите пријатели

 Со седумдесет и три гласа „за“, седум „воздржани“, и 22 гласа „за“ и шест „воздржани“ од пратениците кои не се мнозинство во Република Македонија,  Собранието на Република Македонија по полноќ, го донесе Законот за изменување на Изборниот законик, по итна постапка, со кој се предвидува изменување на одредбата, наместо изборите да се одржат на 24 април 2016 година, датумот да се пролонгира за 5 јуни 2016 година.

Со измените се предлага одложување на датумот и за забрането платено политичко рекламирање кај радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите), па така од 27 февруари 2016 година радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми, (интернет порталите) да не смеат да емитуваат, односно да објавуваат реклами финансирани од буџетот на РМ, од буџетите на општините и на Градот Скопје и на сите други лица  на кои со закон им е доверено вршење на јавни овластувања.

По полноќ, лидерите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ одржаа прес конференции со различни видувања и толкувања за тоа, зошто се одложени изборите на 24 април и што ќе следи во периодот што доаѓа.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.