Сенатот ја отфрли одлуката на Бајден за задолжителна вакцинација

Сподели со своите пријатели

Сенатот на САД, во кој мнозинството имаат демократите, ја прифати мерката предложена од републиканците со која би се поништила одлуката на Бајден да воведе задолжителни вакцини или тестирања во приватни компании.

Loading...

Двајца демократски пратеници се приклучија на иницијативата на Републиканците, која на тој начин беше изгласана со 52 гласа за и 48 против, пред да биде испратена во Претставничкиот дом.

Законот ќе ја отфрли мерката на администрацијата на Бајден која предвидува задолжителна вакцинација или тестирање на коронавирус за сите вработени во компаниите со повеќе од сто вработени, а ќе вклучи милиони вработени.

Двајца демократи им се придружија на републиканците и обезбедија мнозинство

Просто мнозинство од 51 глас е доволно за да се изгласа мерката во Сенатот. Двајца демократи – Џо Манчин од Западна Вирџинија и Џон Тестер од Монтана – им се придружија на педесетте републикански пратеници во гласањето за предлогот.

Иницијативата покажува колку е силна политичката опозиција на обидите на администрацијата да се бори против Ковид-19 во време кога здравствените работници се обидуваат да го спречат ширењето на многу заразна варијанта на вирусот омикрон.

„Отсекогаш сум ја поддржувал задолжителната вакцинација за вработените во јавните служби и војската, бидејќи тоа е прашање од национално значење“, рече Манчин по гласањето. „Но, јас не ја поддржувам задолжителната вакцинација во приватните компании. Федералната влада не може да одреди за сопствениците на приватни компании како да ги заштитат своите вработени од Ковид-19 и како да го водат својот бизнис“, рече тој.

Манчин додаде дека бил вакциниран со две дози од вакцината и дека добил и бустер доза, како и дека ги охрабрува сите Американци да го сторат истото.

Loading...

Републиканците велат дека пристигнуваат повици кон компаниите со 500 вработени кои стравуваат дека ќе мора да отпуштат работници кои се против вакцинирање и тестирање.

„Тоа ги загрижи обичните луѓе и малите бизниси“, рече републиканскиот сенатор Мајк Браун, кој го иницираше предлогот, пред гласањето.

Белата куќа во вторникот соопшти дека обврската за вакцинирање или тестирање на вработените нема да биде товар за работодавците бидејќи огромното мнозинство Американци се целосно вакцинирани и дека правилото нема да важи за малите бизниси.

„Ние сме среде јавна здравствена криза. Сите ја гледаат штетата што ја прави“, рече лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер. „Неговото решение мора да го води науката.

Соединетите држави имаат најголем процент на нови инфекции во светот. Досега, 49,5 милиони Американци се заразени со коронавирус, а повеќе од 794.000 починале.

Републиканците ја оценија поддршката за нивната мерка како јасна порака за загриженост на јавноста поради можното влијание на уредбата врз работниците, бизнисите и економијата.

Лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Мекконел, декретот на Бајден го нарече „незаконски“ и „апсурден“ обид на владата да управува со животите на обичните граѓани.