Семките од тиква решаваат осум здравствени проблеми

Сподели со своите пријатели

Семките од тиква се користеложе во медицински цели уште од античко време поради нивните одлични здравствени својства. Богати се со магнезиум, калциум, калиум, железо, цинк, витамин К и омега-3 масни киселини. Тие исто така содржат аминокиселина триптофан, која произведува хормон за среќа (серотонин), што влијае на добро расположение и поквалитетен сон.

Loading...

Тие се исклучително корисни за жените во менопауза кои доживуваат остеопороза поради недостаток на витамин Д и цинк.

Дозволена дневна доза

Ако немате проблем со тежината, дозволено е да јадете до 100 грама семе од тиква на ден, а доколку имате прекумерна тежина, ограничете се на 30 грама на ден. Тие се калорични, па затоа не се препорачуваат во вечерните оброци. Но, ако страдате од несоница, нутриционистите ве советуваат да намачкате парче леб со мед еден час пред спиење и да додадете семе од тиква. Ова ќе помогне да се смири нервниот систем и да се релаксира телото.

Помагаат во борбата против ракот

Студијата потврди дека жените во менопауза кои секојдневно јадат семки од тиква имаат 23 проценти помал ризик од развој на карцином на дојка.

Го зајакнуваат имунитетот

Покрај тоа што се богати со магнезиум, овие семиња се богат извор на цинк, кој помага во регулирање на имунолошкиот систем, намалувајќи го ризикот од вирусни инфекции како што се настинка и грип.

Loading...

Го ублажуваат климаксот

Тие регулираат напади на топлина, главоболки, ја намалуваат болката во зглобовите и ги намалуваат ненадејните промени во расположението, така што тие се одличен природен начин за ублажување на симптомите на климаксот.

Го намалуваат холестеролот

Овие семиња можат да го намалат лошиот холестерол за 13 проценти и вкупниот холестерол за 10 проценти. Тие исто така го намалуваат ризикот од тромб, кардиоваскуларни заболувања, мозочен удар и срцев удар.

Заштита од дијабетес

Одлично се покажаа во регулирање на нивото на шеќер во крвта и ја зголемуваат чувствителноста на организмот кон инсулин. Експертите за дијабет препорачуваат семе од тиква како храна за секојдневно консумирање.

Го подобруваат расположението

Тие се одлични за физичко, како и за менталното здравје затоа што даваат одлични резултати во намалувањето на симптомите на депресија. Тие се одлични за намалување на стресот и вознемиреноста.

Loading...

Го олеснуваат артритисот

Ова семе има антиинфламаторно дејство кое ги ублажува симптомите на артритис. Луѓето кои страдаат од оваа болест треба да јадат околу 30 гр семки од тиква на ден за да се ослободат од симптомите.

Спречуваат остеопороза

Тие се одличен извор на цинк, минерал што е потребен за градење коски. Само една четвртина чаша семки од тиква содржи дури 17 проценти од препорачаната дневна доза на цинк.

Leave a Reply