Семејствата на загинатите осум полицајци добија парична помош од општината и НВО ”Мајка”

Сподели со своите пријатели

Во пресрет на празникот Илинден, осум семејствата на загинати припадници на МВР, кои на 9 мај годинава учествуваа во анти-терористичката акција во населбата ”Тоде Мендол” денеска добија парична помош во висина од 90 000 денари по семејство.

Loading...

Невладината органазација „Мајка“ во соработка со Општина Куманово и збратимените градови на општината, собраа парични средства кои денеска во просториите на општината им ги врачија на семејствата на осумтте полициски припадници кои ги загубија своите животи додека беа на задача во ”Диво Насеље”, истакна градоначалникот Зоран Дамјановски.

– Денеска, под покровителство на НВО ”Мајка” ќе бидат донирани парични средства за семејствата на загинатите полицајци собрани со помош на донации од збратимените градови, донации на индивидуалци и организации, истакна Дамјановски.

Лидија Илиевска, претседател на НВО ”Мајка” по повод денешната донација до семејствата, изрази голема благодароност до Општина Куманово заради поврзувањето со збратимените градови и нивната донација.

– Денес сакам да ја изразам нашата почит кон загинатите бранители на Македонија, и за тоа што ги дадоа својот живот за да ние денес живееме во слобода, истакна Илиевска.

Голема благодарност беше изразена до градот Бјелина кој е еден збратимените градови со најголема донација за семејствата на загинатите припадници.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.