Семејна куќа ноќва изгоре во Куманово

Сподели со своите пријатели

Семејна куќа била опожарена ноќва во кумановската населба Средорек.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, Територијалната противпожарна единица Куманово бележи една интервенција во текот на изминатото деноноќие, и тоа на опожарен семеен дом во населбата Средорек.

Во гаснење на пожарот, кој избувнал околу 02:50 часот ноќва, учествувале шестмина пожарникари со две противпожарни возила.

Интервенцијата била завршена дури околу 04:45 часот.

Причината за избувнување на пожарот, како и висината на настанатата материјална штета засега не е позната, велат од РЦУК.

Никола Ивановски