05.05.2019 08:04

Селото во кое е роден Леонардо да Винчи е рај на земјата (ФОТО)


Леонардо да Винчи е роден во селото Винчи во Италија, а тоа денеска е вистинска туристичка атракција, која може да се пофали со зачувана традиција и култура.

Доколку патувате во таа насока, не дозволувајте си да ја пропуштите оваа локација.

loading...

Пеперутки летаат околу со векови старите маслинови дрвја во Винчи, тосканско село во кое е роден славниот да Винчи. Ренесансниот мајстор како дете таму започнал да ги развива своите таленти.

И додека мештаните се подготвуваат да одбележат 500-годишнина од неговата смрт, малку се променило во однос на виноградите, ливадите и реките кои се појавуваат на неговите слики.

Авторот на Мона Лиза и Тајната вечера меѓу останатото црпел инспирација од своето скромно селско растење, ако може да се суди според мислењето на експертите.

– Пејсажи, впечатоци, интересирања кои влијаеле на Леонардо останале скоро недопрени. Од неговата родна куќа, недалеку од селото и денес можеме да видиме поглед кој е прикажан во „Пејсажот“, неговиот најран познат цртеж од август 1473 година, рекла Роберта Барсанти, управник на Леонардовиот музеј во Винчи.

Леонардо е роден ан 15 април 1452 година од незаконска врска на писар и малолетна селанка. Го подигнале дедото и вујкото.

Со нив двајца Леонардо ја истражувал околината, ги проучувал и скицирал инсектите, животните, растеонијата и цвеќето.

loading...

Светот на природата е богат извор на идеи за уметникот кој таму нацртал уреди кои се направиле векови подоцна – тенкови, телескопи, летала, опрема за нуркање.

Леонардо бил маѓепсан од млиновите околу Винчи и разните рекички кои минувале.

Тосканскиот мајстор, кој како тинејџер се преселил во 30 километри одалечената Фиренца, ја проучувал хидроенергијата и нејзината механичка примена што се гледа во многу негови цртежи.

Развил и страст кон анатомијата, архитектурата, музиката, сликарството и вајаството.

loading...

Ексертите велат дека темпото на живот во Венеција, дури и околвијализмот на неговите жители, се пресликува во неговите дела.

– Леонардо е одраз на родниот крај. Во своите дела вклучува многу негови делови, започнувајќи од јазинкот на селаните. Кога ги опишува своите изуми, го користи јазикот на селаните од Винчи. Некои изрази дури ги направил бесмртни па и денес се користат во инжинерскиот свет, рекол Никола Баронти, претседател на здружението „Винчи во срцето“.

фото: пиксабеј

loading...

Туристите кои го посетуваат ВИнчи можат да шетаат по патеките по кои Леонардо чекорел пет векови прехтодно и да гледаат во истите брзаци и виногради.

Селото добило име од брезата „vinchio“, чии меки гранчиња селаните ги користеле за врзување винова лоза.

Типичните тоскански јазли се чест мотив во уметничките дела од тој крај.

loading...

– Тие испреплетени врски се типични за родното село на Леонардо и можат да се пронајдат на многу негови слики, вклучително и облеката на Мона Лиза. Тоа е скриениот потпис на мајсторот, кај како да ни вели: „Заминав, навистина, но од тука потекнувам“, вели историчарот Баронти.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments