Село во кое наместо со пари, мештаните сè плаќаат со кокаин (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во зафрленото село кое се наоѓа на Андите во Колумбија живеат околу 200 луѓе, но тие успеваат секој месец да произведат над 100 килограми кокаин.

Летување во вилата на Пабло Ескобар? И тоа е можно! (видео)

Loading...

Во селото, чие име не е октирено, не постои никаков извор на вода за пиење, а мештаните живеат под свеќи, затоа што нема ниту струја. Меѓутоа, селото успешно произведува кокаин секој месец затоа што ова подрачје е исполнето со листови кока потребни за правење на дрогата, пишува Мирор.

 

 

Вреќа од 2,27 килограми растенија може да се преточи во 2 килограми чист кокаин, кој пак може да се продаде за околу 50.000 евра во Њујорк. Тоа значи дека селото секој месец произведува дрога вредна 2.5 милиони евра.

Мештаните дрогата ја користат и како чип за коцкање, но и како валута. Имено, како што пренесува Мирор, жителите на оваа село намирниците ги плаќаат со кокаин. Така локален дилер на дрога пиво плаќа со кокаин, па сметката од 27.000 пезоси ја плаќа со 10.8 грама кокаин.

Што се случува во мозокот кај луѓето кои користат кокаин? (видео)

Мештаните кои се одоговорни за производство на дрога велат дека се свесни за последиците кои таа ги има.

– Знам силите на безбедноста се борат против трговија со дрога и можат тука да се појават секој момент, да го растурат производството, а мене да ме испратат во затвор. Свесен сум дека се занимавам со илегална работа и дека многу луѓе се имаат предозирано со кокаин, рекол локалниот произведувач на дрога.

Владата на Колумбија со години води војна против дилерите на дрога, а ширум земјата има распоредено трупи за да ги искорени недозволените насади.

 

Во октомври минатата година 7.000 луѓе се убиени додека над 20 повредени во акција за искоренување на полиња со кока во Нарин, Колумбија.

Во акцијата учествувале и повеќе до 75.000 домаќинства, кои сакаат да ја ослободат својата земја од кокаинот.

Траги од дрога можете да имате на рацете дури и ако никогаш не сте ја допреле, а еве како!

Loading...

Според надлежните, во зафрлените делови на земјата каде се наоѓаат полињата кока не постои струја ниту автопатишта, поради што производството и транспортот на дрога се отежнати, но дилерите сепак наоѓаат начин да ја достават до муштериите.

Leave a Reply