Секоја петта личност на планетата во текот на животот ќе заболи од рак, открива ново истражување

Сподели со своите пријатели

Приближно секој петти човек ширум светот ќе развие некаков вид на рак за време на својот живот, а секој осми маж и една од единаесет жени нема да успеат да го победат.

Loading...

Оваа болест е сè уште водечка причина за смртност во сите земји во светот, додека за прв пат, ракот на дојка кај жените сега е најчесто дијагностицирана форма на рак, пред ракот на белите дробови, кој сè уште останува причина за повеќето смртни случаи.

Ова се резултатите од „Глобална статистика за рак 2020“, објавена заеднички од Меѓународната агенција за истражување на ракот (IARC) и Американското здружение за рак.

 

 

Се проценува дека во 2020 година, дијагностицирани се 19,3 милиони нови случаи на рак ширум светот и имало скоро десет милиони смртни случаи.

Првиот според бројот на нови дијагностицирани минатата година бил рак на дојка со околу 2,3 милиони нови случаи (11,7% од сите карциноми), проследен со рак на белите дробови (11,4%), рак на дебелото црево (10%), рак на простата (7, 3%) и стомак (5,6%).

Loading...

Ракот на белите дробови е сè уште водечка причина за смрт од рак, со околу 1,8 милиони жртви минатата година или 18% од сите смртни случаи од оваа болест.

Следуваат смрт со карцином на црево (9,4%), црн дроб (8,3%), стомак (7,7%) и дојка кај жени (6,9%).

Приближно две третини од смртните случаи од рак на белите дробови се поврзани со пушење.

 

 

Ракот на белите дробови е водечка причина за смрт од рак кај мажи, проследен со рак на простата и дебело црево по фреквенција и рак на црн дроб и дебело црево при смртност. Кај жените, ракот на дојка е најчесто дијагностициран карцином, а исто така и водечка причина за смрт од рак.

Истражувачите кои го објавија трудот во Cancer Journal CA: A Cancer Journal for Clinicians забележале дека инциденцата на рак на дојка кај жените се зголемува како резултат на хормоналните фактори и начинот на живот.

Loading...

Причините се дебелина, недостаток на физички вежби, консумирање алкохол, ран менарх, доцно раѓање на првото дете, раѓање на мал број деца, помалку доење, употреба на орални контрацептиви и доцна менопауза.

Кога овие фактори работат во комбинација, тие го зголемуваат ризикот од рак на дојка кај жените.

 

 

Студијата предвидува дека 28,4 милиони нови случаи на рак ќе бидат дијагностицирани ширум светот во 2040 година, што би значело зголемување од 47% во споредба со 2020 година, под претпоставка дека националните стапки проценети во 2020 година ќе останат постојани.

Влијанието на пандемијата на коронавирусот врз случаите на рак и смртта останува непознато поради веќе забележаните одложувања во дијагностицирањето и лекувањето на ракот, според истражувачите.

Leave a Reply