Секое девојче би сакало да ги има: Оваа жена има 18.000 барбики, ги собирала 26 години (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Германката Бетина Дорфан е најпознатата колекционерка на куклите Барби во светот.

Loading...

Почнала да ги собира пред 26 години, а денес нејзината колекција брои 18.000 барбики.

– Моето издание е создадено кога ги извадив куклите од подрумот и да, тие се многу убави спомени од моето детство. Сакав да и ги дадам на ќерка ми, но таа не сакаше. Тогаш сфатив дека куклите се одраз на нашето време. Малку по малку почнав да ги обновувам и склопувам моите кукли, посетував битпазари, се распрашував и почнав да ја проширувам колекцијата – изјави Бетина.

Таа нагласи дека е многу захтевно да се чува ваква колекција во добра состојба.

– Не е толку лесно да се исчисти голема колекција, бидејќи е со кукли Барби како со поштенски марки. Штом некој дел е оштетен, тој е нецелосен. Навистина, се мора да биде во одлична состојба, а мора да внимавате винилната смеса да не се оштети од прашина. Потоа треба да се грижите за тоа како ги чувате и секогаш треба да ги проверувате. Веќе има адхезии на пластика и така натаму – објасни таа.

За љубовта на Дорфан кон куклите сведочи и тоа што пет пати била запишана во Гинисовата книга на рекорди.

Покрај тоа, нејзиното име е на страниците на Германија, како и во индиската книга на рекорди.

Колекцијата барбики со наслов „Зафатена девојка – Барби прави кариера“ е изложена во државниот музеј Емден до 26 август.

Loading...