Вилијам Бредфорд Џејмс Андерсон бил во брак 67 години, додека неговата сопруга не починала.
Во текот на тие 67 години, тие преживеале многу работи, одгледаче две деца и посвоиле едно момче. Овој дедо не одел на колеџ, но успеал да постигне многу во животот.
Дознајте подолу какви животни лекции научил, пренесува popsugar.com.
1. Секогаш негувајте добра смисла за хумор.
2. Не плашете се да започнете од нула.
3. Вежбајте секој ден, дури и кога не ви се допаѓа.
4. Не трошете повеќе пари отколку што можете да заработите.
5. Пијте природен цеден сок од портокал секој ден.
6. Љубовта на прв поглед не е бајка.
7. Подобро е да имаш лоша работа отколку да немаш.
8. Јадете онолку колку што ви треба, не прејадувајте.
9. Вашето семејство е најскапоценото нешто што можете да го имате во животот.
10. Животот е чувствителен, ако го занемарите, може да се расипе.
11. Никогаш не плашете се да бидете она што навистина сте.
12. Секој има премногу облека. Носете го она што го имате и престанете да купувате непотребно.
13. Мора да бидете способни да простите, дури и кога ви се чини невозможно.
14. Штедете пари сега, трошете ги подоцна.
15. Љубовта не е секогаш лесна, често треба да се работи на тоа.
16. Најдете нешто смешно во секоја ситуација во која се наоѓате.
17. Кога ќе наидете на проблем, не го одложувајте неговото решавање. Ако, сепак, не постои начин, продолжете и заборавете на тоа.
18. Осигурајте се дека го правите она што навистина го сакате. Не плашете се да ги следите вашите соништа.
19. Образованието е важно, но не е потребно. Самиот живот може да биде вашето училиште.
20. Истражете го вашиот свет и секогаш бидете љубопитни.
21. Обидете се да не сфаќате се премногу сериозно.
2. Бидете здраворазумни. Размислете внимателно за секоја ситуација. Ако не им пристапите на работите на здравиот разум во животот, ќе загинете.
23. Животот е подарок што мора да го отворите. Ваше е да одлучите дали она што е внатре ќе ве направи среќни или ќе ве фрли во очај. Имаш таква моќ.