Седуммина гимназијалци учествуваа во полуфиналето на натпреварот „HIPPO“

Сподели со своите пријатели

И оваа година учениците од Средното општинско училиште Гимназија „Гоце Делчев“ зедоа учество на четвртиот по ред Меѓународен натпревар по англиски јазик – „HIPPO“.

Прелиминарната рунда од натпреварот се одржа во просториите на гимназијата минатиот месец, каде десет ученици покажаа одлични резултати.

Под менторска палка на Силва Митовска, Мери Маневска, Александра Маневска, Благица Г. Цветковиќ и Елена Марковска, од прва година учесници беа Матеа Познановиќ и Мартин Ивановски, од втората година Анита Стошевска, Милош Тасиќ, Јована Јовановска и Теа Мисевска, од трета Младен Давидовиќ и Стефан Соларски, додека од матурантите свое учество имаа Дамјан Поп-Арсов и Никола Кипријановски.

Седум од нив денес, во сабота земаа учество во полуфиналето кое се одржа во Скопје, а доколку некој од нив помине во финалниот дел, ќе имаат можност да поминат незаборавни неколку дена во финалето на натпреварување во Лидо ди Јесоло во месец мај.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.