Вкупно седум странски државјани во текот на вчерашниот ден завршиле на одделенијата во Општа Болница Куманово, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Едно од лицата е државјанин на Сирија и е пренесен на Интерното одделение каде по направениот целосен преглед и пружена потреба медицинска интервенција истиот бил вратен на Табановце.
Четири лица исто така од Сирија и две лица од Авганистан вчера биле пренесени на Детското одделение при кумановската болница каде им бил направен специјалистички преглед, а откако ја добиле и соодветната лекарска терпаија истите биле вратени на Табановце.
Од Регионалниот центар за управување со кризи не добивме конкретна бројка колку бегалци моментално има во Прифатниот центар на Табановце, но според вчерашните тврдења нивниот број беше нешто над 1.300.