Седум загинати откако шпански автобус падна во река

Сподели со своите пријатели

Седум лица загинаа, а две се повредени откако патнички автобус излета од мост и падна во река во северозападна Шпанија, соопштија денеска службите за итни случаи.

Loading...

Двајцата преживеани – 63-годишниот возач на возилото и сопатничката – пожарникарите со јаже ги извлекле од реката и со различен степен на повреди биле префрлени во блиските болници.

Возачот бил негативен на алкохол и дрога, изјави полицискиот портпарол за Ројтерс, додавајќи дека операцијата за пребарување и спасување околу мостот сега е завршена, додека инженерите се обидуваат да најдат начин безбедно да ги извлечат остатоците од автобусот од реката Лерез.

Според тамошните медиуми, најпрвин беше објавено дека загинале шест лица, но подоцна пристигна информација дека во автобусот имало уште едно лице, чие тело било пронајдено околу еден час по пријавата.

Сѐ уште не е познато како дошло до несреќата

Автобусот на компанијата Монбус сообраќал меѓу градовите Луго и Виго, а од се уште неразјаснети причини излетал од патот и околу 21 часот и 30 минути по локално време излетал од мостот во водата.

Спасувачките екипи мораа да ја прекинат операцијата во текот на ноќта речиси два часа поради лошите временски услови и теренот пред да продолжат утрово.