Седум полицајци повредени и 25 приведени лица по протестите во Скопје

Сподели со своите пријатели

Седум полициски службеници се повредени при протестот кој вечерва се одржа во Скопје организиран од страна на навивачката група Комити, а за израз на револт од потпишувањето на договорот за промена на името со Грција.

Како што информира полицијата ескалацијата на протестите се случила по 21 часот кога демонстрантите започнале да фрлаат со распрскувачки материјали кон полицијата и ја пробиле заштитната ограда пред Собранието.

– Со цел да се спречи ескалирање на ситуацијата и насилен упад во Собранието, а постапувајќи согласно процедурите, полицијата уопотреби солзавец. Повредени се седум полициски службеници, а до сега се приведени 25 лица. Министерството за внатрешни работи потенцира дека го почитува правото на мирен протест, но нема да дозволи употреба на сила и насилен упад, како и нарушување на јавниот ред и мир. Министерството апелира на демократски начин на
изразување на јавното мислење, стои во соопштението од МВР.

Дел од националните медиуми јавуваат дека се нападнати и неколку новинари и сниматели, но засега нема информации ниту од полицијата, ниту од Здружението на новинари.

фото: курир.мк

Leave a Reply