Седум нови случаи во Куманово, пет во Липково

Сподели со своите пријатели

Центарот за јавно здравје Куманово во текот на изминатото деноноќие регистрира 12 случаи на коронавирус.

Loading...

Како што информираше директорот на ЦЈЗ Куманово Ариф Љатифи, од новите случаи, седум се од Куманово и пет од Општина Липково.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1382 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-83, Куманово-12, Дебар-1, Штип-21, Прилеп-2, Тетово-9, Струга-3, Велес-2, Битола-11, Охрид-3, Гостивар-10, Радовиш-7, Кочани-1, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Свети Николе-27, Кичево -1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени лица од: Скопје-71, Штип-7, Тетово-12, Велес-1, Битола-1, Кочани -1, Пробиштип-1, Кичево-1, Ресен-2.

Починати се 4 лица, еден пациент од Скопје, двајца од Прилеп и еден од Тетово.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа четворица пациенти на возраст од 49, 61, 70 и 72 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8530, бројката на оздравени пациенти е 4565, на починати е 393, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3572.

Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 4035, активни 1804

Loading...

• Куманово 880, активни 212

• Дебар 154, активни 92

• Штип 484, активни 195

• Прилеп 304, активни 64

• Тетово 894, активни 286

• Струга 340, активни 166

• Велес 205, активни 34

• Битола 84, активни 40
• Охрид 230, активни 122

Loading...

• Кавадарци 27, активни 19

• Гостивар 250, активни 157

• Гевгелија 13, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци, еден е од Дојран)

• Струмица 24, активни 16

• Крива Паланка 19, активни 8

• Радовиш 15, активни 11

• Крушево 12, активни 7

• Кочани 78, активни 12

Loading...

• Пробиштип 39, активни 24

• Демир Хисар 11, активни 10

• Македонски Брод 9, активни 5

• Пехчево 6, активни 1

• Берово 4, активни 1

• Валандово 6, активни 0

Loading...

• Виница 4, активни 1

• Делчево 1, активни 0

• Кратово 9, активни 1

• Свети Николе 147, активни 134

• Кичево 85, активни 71

Loading...

• Ресен 139, активни 73

• Неготино 22, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1382 теста се преку: ИЈЗ-521, ЦЈЗ Скопје-21, Авицена-163, Биотек- 96, МАНУ -159, Жан Митрев (Филип Втори) –223, Систина со PCR метода -160, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-38, КИБФС (Инфективна клиника) -1. Досега во земјата се направени вкупно 80774 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 86 пациенти. На кислородна поддршка се 38 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 8 деца позитивни и 2 деца суспектни на вирусот.

Loading...

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 15 нови, вкупно хоспитализирани се 90 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 29, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 123 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Leave a Reply