Најмалку седум лица загинаа, а осум се повредени во руски напад на преполн пазар во градот Авдиивка во средата, изјави гувернерот на источната украинска област Доњецк.
– Русите го нападнаа централниот пазар, каде во тоа време имаше многу луѓе – се вели во соопштението на Павло Кириленко, додавајќи дека „нема воена логика“ за таков напад.
Неговата изјава беше придружена со слики од мртви тела и оштетени пазари.
Ројтерс не можеше да ја потврди нивната автентичност.
Щонайменше 7 загиблих і 8 поранених — наслідок ранкового обстрілу Авдіївки.
Росіяни завдали удару по центральному ринку — в цьому вся їхня суть.
Вкотре прошу всіх жителів області: евакуюйтесь!#stoprussia pic.twitter.com/3YMxe8hKqH— Павло Кириленко (@Pavlo_Kyrylenko) October 12, 2022
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.