Седум лица загинаа во пожар во Јужна Кореја

Сподели со своите пријатели

Седум лица загинаа, а 12 се повредени во пожар во хотел во Јужна Кореја.

Loading...

Пожарникарите соопштија дека пожарот најверојатно се проширил затоа што немало систем за прскалки за автоматско гаснење на пожарот.

Пожарот избувнал на осмиот кат на деветкатниот хотел во градот Бучеон, западно од главниот град Сеул.

Најголем дел од жртвите се пронајдени во собите и ходниците на осмиот и деветтиот кат.

Хотелот, кој беше изграден во 2003 година, не требаше да има систем за прскање, рече претставникот на пожарникарите на Бучеон, Ли Санг-донг.

Прскалките во зградите повисоки од шест ката во Јужна Кореја се задолжителни од 2017 година, а правилото не се применува ретроактивно за повеќето постари згради, освен за некои медицински установи и домови за стари лица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Момче во Индија почина откако било оперирано од „доктор од Јутуб“

Пет лица загинаа од задушување во овој пожар, а двајца загинаа скокајќи од осми кат на душек поставен од пожарникарите.