Седум лица повредени во експлозија во Кабул

Сподели со своите пријатели

Во Кабул, главниот град на Авганистан, утрово експлодирал автобус во кој се превезувале вработени во администрацијата на Талибанците, при што се повредени седум лица, соопшти полицијата.

Loading...

„Поради експлозија во минибус на Министерството за рурална обнова и развој, седум се повредени“, изјави портпаролот на полицијата во Кабул, Калид Задран, додавајќи дека експлозијата била предизвикана од мина покрај патот, пренесува Ројтерс.

Засега не се знае кој стои зад експлозијата, наведува британската агенција.

Во последниве месеци во Авганистан се случија неколку смртоносни напади, од кои одговорност за многумина ја презеде терористичката група Исламска држава.