Седум и пол години затвор за кумановецот кој ја предизвика сообраќајката во која загина Јелена Филиповиќ

Сподели со своите пријатели

Седум години и шест месеци казна затвор денеска беше изречена на дваесет и едногодишниот кумановец Никола Стефановски, кој беше обвинет за тешки дела против безбедноста во сообраќајот со смртни последици, односно за сообраќајката во која загина Јелена Филиповиќ.

Loading...

Освен казната затвор, судот му изрече и забрана за управување со моторно возило во траење од пет години. Во вкупната затворска казна ќе биде пресметано и времето поминато во притвор.

Пресудата беше донесена денеска на второто рочиште, откако на минатото Стефановски призна вина.

Несреќата се случи лани вечерта на Стара Нова година во скопски Илинден, кога Стефановски со Јелена и нивна другарка Тамара се враќале од прослава. Авотмобилот излета од патот, а во несреќата 17-годишната Филиповиќ трагично страдаше, додека останатите двајца имаа тешки телесни повреди.

Таткото на Јелена е во притвор откако во август е осомничен дека подготвувал убиство на виновниците за сообраќајката.

Никола Ивановски