Седници на повеќе собраниски комисии

Сподели со своите пријатели

Пред утрешната пленарна седница, денеска во Собранието ќе се состанат членовите на повеќе комисии. Седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за европски прашања,  за одбрана и безбедност, за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и Законодавно-правната комисија.

Loading...

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се измените и дополнувањата на законите за судските такси и за заштита на укажувачи, двата во прво читање.

Комисијата за европски прашања ќе го разгледува Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација, во прво читање.

Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност ќе ја разгледуваат Предлог – одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради заштита од илегална миграција и заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за Коронавирусот COVID-19 и спречување од негово ширење и заради висок ризик и зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе ја продолжи јавната расправа по Информацијата за состојбите со лозаропреработувачкиот сектор во 2020 година, предложена од опозицијата.

Во Собранието ќе се одржат и две седници на Законодавно -правната комисија.

Елизабета Велјановска-Најдеска

Leave a Reply