Се зголемува бројот на заразени со Ковид во Кина

Сподели со своите пријатели

Кина се бори со зголемување на бројот на заразени со коронавирус, што ја зголемува загриженоста за националната економија, поради што парковите, трговските центри и музеите се затворени од денеска во Пекинг, а продолжија и масовните тестирања за ковид-19 во неколку градови.

Loading...

Вчера, Кина пријави 28.127 нови локални случаи на коронавирус на национално ниво и со оваа бројка се приближи до највисокиот дневен биланс на нови инфекции регистриран во април.

Потврдените случаи во јужниот кинески град Гуангжу и југозападниот регион Чонгкинг сочинуваат околу половина од вкупниот број, јавува Ројтерс.

Во главниот град Пекинг бројот на заболени секојдневно достигнува нови највисоки нивоа, поради што градските власти апелираа до граѓаните да останат во своите домови, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

За прв пат од мај, имаше два смртни случаи кои здравствените власти му ги препишаа на Ковид-19 и три потврдија во текот на викендот.