Се верувало дека овој вид кучиња е изумрен: По 50 години снимено во дивината (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Расата куче позната како „пеачко куче“ од Нова Гвинеја е видена повторно на планините во Индонезија откако се веруваше дека овој вид е исчезнат пред 50 години, пренесува Дејли меил.

Loading...

Ова куче го доби својот посебен прекар поради создавањето на хармонични звуци со неговото лаење и завивање.

Научниците ја споредиле ДНК-та на овие кучиња со дивите кучиња во заробеништво и откриле дека оваа раса потекнува од расата на диви кучиња од Хајленд.

Пред ова откритие, пејачкото куче се сметаше за најретка и најстара раса на кучиња во светот, но наодите сега потврдуваат дека тие всушност се диви кучиња од Хајлендс.

Пејачкото куче од Нова Гвинеја (NGSD) за прв пат било проучено во 1897 година, а од 1970 година не се појавило во дивината.

Во моментов, нешто помалку од 300 од нив живеат во азили, но изгубија голем дел од генетскиот состав поради бројните вкрстувања.

Научниците веруваат дека дивите кучиња од Хајлендс имаат гени кои кучињата од Нова Гвинеја ги изгубиле додека биле во заробеништво. Сепак, тие веруваат дека преку нивно вкрстување ќе можат да создадат вистинска популација на кучиња што пеат.

 

Loading...

Leave a Reply