Се вакцинираат пратениците, има уште вакцини, процесот продолжува

Сподели со своите пријатели

Во А1 СЦ Борис Трајковски денеска ќе се вакцинираат пратениците, а паралелно тече вакцинација на повозрасната категорија на граѓани над 73 години, рече денеска министерот за здравство д-р Венко Филипче, во изјава за медиумите. Вакцинацијата на пратениците е со вакцината Спутник В, а процесот на вакцинација на возрасната група граѓани, во Борис Трајковски е со вакцината на производителот Фајзер.

Loading...

-Денеска како дел од вработени во критична инфраструктура ќе се вакцинираат пратениците во Собранието и дел од стручните служби кои не се вакцинираа претходниот пат. Ќе ја примаат вакцината Спутник В и денеска за нив процесот на вакцинација е организиран во 3 групи. Паралелно на сето тоа во пунктот во салата Борис Трајковски тече вакцинацијата на постарите граѓани над 73 години. Процесот на инунизација добро се одвива на територијата на целата држава во сите пунктови. Од вакцината Астра Зенека останати се близу 5.000 дози и како дополнување на тоа, околу 5.000 дози од онаа количина на вакцината на Фајзер кои пристигна во нашата земја ќе бидат дистрибуирани како надополнување за да тече процесот на вакцинација во периодот кој е пред нас. Со оваа количина денеска и уште некоја количина од 150-200 дози практично целосно се искористува вакцината на Спутник. Околу половина од количините, 1.000 се искористени од вакцината на Синофарм којашто стигна како донација од страна на ОАЕ – рече министерот Филипче.

Системот е спремен, за сите дози вакцини кои ќе стигнуваат во земјава, рече министерот. Во завршна фаза се спортските сали низ градовите каде ќе се спроведува масовна имунизација, по примерот на салата Борис Трајковски.

Leave a Reply