Се вакцинираат домашни миленици против беснило во Куманово

Сподели со своите пријатели

Редовно се одвива вакцинацијата против беснило кај домашните миленици во Куманово и соседните општини, информираа денеска од ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“ во Куманово.

За оваа намена, соопштија од Центарот, формирани се екипи кои ги вакцинираат кучињата по однапред определни реони во градот, приградските населби и селата во кумановско. Сопствениците веќе се информирани и дел од нив самите ги носат домашните миленици во Центарот за вакцинација.

– Вакцинацијата почна навреме во јануари и досега се спроведува тековно по планот и програмата. Штом ги добиеме чиповите, домашните миленици ќе се чипуваат, изјави ветеринарниот лекар, Димитар Венев, од ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“ од Куманово.

Според проценките на стручните служби од Центарот, со вакцинација треба да бидат опфатени меѓу 2.000 и 2.500 кучиња. Цената на вакцината против беснило која вклучува и таблети против паразити изнесува 500 денари. Вакцинацијата е редовна и се спроведува во периодот од јануари до мај. /МИА

Leave a Reply