Се уредуваат тротоарите кај градскиот стадион во Куманово

Сподели со своите пријатели

Почна уредувањето на тротоари кај градскиот стадион во Куманово, информираа од одделението за комунални дејности од општината. На оваа локација ќе биде поставен бекатон на површина помала од 1.000 метри квадратни.

Loading...

– Освен на локацијата каде што сега има паркинг простор, бекатон ќе се постави и околу дрвјата кои се неколку децениски. Планирано е да се изградат и опколат со жардиниери со бекатон. На оваа локација работи кумановската компанија „Кооп Инженеринг“, изјави помошникот раководител на одделението, Момчило Јовановски.

 

 

Уредувањето со бекатон на локцијата покрај кој се сместени детска градинка, расадник на „Чиста и Зеленило“, објект кој го користи дел од општинската администрација и подрачно одделение на МОН е дел од проектот реконструкција на улицата „Братство и единство“ во Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец ја претепал сопругата, па се заканувал на другите во семејството

 

Loading...

 

Неодамна заврши реконструкцијата на улицата од кај старата градска џамија во Куманово од влезот на улицата „11 Октомври“, а претходно улицата се санираше во долниот дел од кај автобуската станица, долж стариот градски парк.

 

 

Според договорот со избраната фирма на јавен повик „Кооп инженеринг“ Куманово, оштетениот асфалт беше заменет со нов во два слоја, санирани и нивелирани беа шахтите, тротоарот е планиран да биде висок со 18/24 бетон. Во рамки на обемната реконструкција е санирана површина од 5.853 метри, за што од буџетот се одвоени 11. милиони 805 илјади и 310 денари со вклучен данок на додадена вредност

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 18-годишник од Куманово поради кражба

МИА