Се укинуваат ограничувања за седење на две лица на маса во кафуле

Сподели со своите пријатели

Владата вчера донесе и измени и дополнувања на протоколите за работа на кафулињата и на угостителските објекти за исхрана.

Loading...

Со измените се укинуваат ограничувањата за седење на две лица на една маса, како и ограничувањето со кое се определуваше дека на една маса можат да седат четворица само ако се од исто семејство.

Претходно Владата донесе одлука на една маса да седат најмногу две лица доколку не се роднини, или четири доколку се од исто семејство, со задолжително почитување на одалеченост од 1,5 до 2 метри меѓу масите, со цел заштита од ширење на коронавирусот.

Leave a Reply