Се укинува Законот за плаќање придонеси за хонорар

Сподели со своите пријатели

Како што соопшти Министерот за финасии, фамозниот Закон за придонеси за хонораци ќе биде укинат. Причината за укинувањето на законот се прави од  од причина што “со други мерки на Владата, се исцрпиле ефектите кои што биле предвидено да се постигнат“.

Loading...

– Во последниот период се реализираше проектот „Македонија вработува“ каде што имаме мерка која што овозможува ослободување во период од 1-5 години од плаќањето на придонеси на лица кои што ќе бидат вработени во приватниот сектор. Со тоа практично околу 4000 лица во Република Македонија веќе се имаат стекнато со редовен работен однос и за истите се плаќаат придонесите и за пензиско и за здравствено осигурување, изјави Ставрески.

Измените на законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, а кои се однесуваа за хонорарците, стапија на сила од 1.јануари 2015 година, и  беше предвидено,  хонорарците да плаќаат 35 отсто за пензиско и здравствено осигурување од остварениот приход по основ на договор на дело, авторски договор или друг вид на договор со кој се остварува надоместок.

Усвојувањето на овој закон предизвика протести од страна на невладините организации, граѓански здруженија и граѓани кои протестираа во знак на незадоволство.

Фото: Капитал.мк


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.