Се тампонира улицата од селото Провце до Митев мост

Сподели со своите пријатели

Почна тампонирањето на улицата која го спојува село Провце со кружниот тек во Куманово, соопштија денеска надлежните од одделението за комунални дејности.

Loading...

– Улицата се тампонира во должина од 830 метри. Очекуваме наскоро да заврши, изјави помошникот раководител на одделението, Момчило Јовановски.

 

 

Жителите на населбата подолг временски период бараат тампонирање на улицата која го поврзува ова населено место со градот преку новиот кружен тек што се гради кај локација „Митев мост“. Жителите нагласија дека општината вложува во инфраструктура во други пооддалечени места, а го запоставува ова населено место кое се наоѓа на само неколку километри од центарот на градот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гиновска: Вчерашниот митинг беше масновно изразување на народната волја (ВИДЕО)

 

Loading...

 

Општина Куманово на јавен тендер во средината на мај годинава, избра компанија за градежни работи и тампонирање на сообраќајници на подрачјето на општината. Општината одвои 2.728.278 денари со вклучен данок на додадена вредност за тампонирање на улиците во кумановско

МИА