По Велика Британија и Португалија, мајмунските сипаници се појавија и во Шпанија каде здравствените власти издадоа предупредување за можна појава на епидемијата.
Во Мадридскиот регион се пријавени 23 случаи на инфекција, а точната дијагноза допрва треба да се потврди. Сепак, издадено е предупредување за целата земја да гарантира брз, координиран и навремен одговор на болеста.
Зеленски: Русите направија катастрофални грешки на највисоко воено и државно ниво
Сомнителните случаи ги анализира Националниот микробиолошки центар, кој треба да ја потврди и објави конечната дијагноза, пренесува The Guardian.
Општо земено, мајмунските сипаници се пренесуваат преку респираторниот тракт, но карактеристиките на овие 23 сомнителни случаи укажуваат на пренос на слуз за време на сексуалниот однос.
Зеленски: Русите направија катастрофални грешки на највисоко воено и државно ниво
„Сите спорни случаи се во Мадрид и се пријавени кај мажи кои имале секс со мажи. Тие се во изолација дома, но внимателно ги следиме во случај да им треба уште болничко лекување“, изјави портпаролот на регионалниот здравствен оддел во Мадрид.
Фернандо Симон, епидемиолог кој раководи со шпанскиот центар за итни случаи, вели дека мала е веројатноста дека мајмуните сипаници значително ќе се рашират, но исто така забележува дека тоа не може да се исклучи.
Џорџ Буш ја помеша Украина со Ирак: Инвазијата на Ирак е брутална и неоправдана
Во Португалија се потврдени пет случаи, а се истражуваат уште 15 осомничени. Португалското Министерство за здравство наведува дека сите нивни случаи се откриени во регионот на Лисабон и долината Тагус – тоа се мажи чии симптоми вклучуваат улцеративни лезии.
Велика Британија, исто така, пријави слични случаи на улцеративни лезии со потврдена инфекција со вирусот на мајмунска сипаница.
Симптоми
Раните симптоми на мајмунска сипаница вклучуваат треска, главоболка, болки во мускулите, отечени лимфни јазли и треска.
Осипот што може да изгледа како сипаница или сифилис, исто така, може да се развие и да се прошири од лицето на други делови од телото, вклучително и гениталиите.
Повеќето од заразените закрепнуваат за неколку недели, пишува The Guardian.