Се смирува состојбата со пожарите во Грција

Сподели со своите пријатели

Грчките пожарникари минаа уште една ноќ во гаснење на пожарите на три фронта: Родос, Западна Атика и Лутракија.

Loading...

На Родос се уште има пожари, додека на другите фронтови засега нема опасност.

Најтешкиот пожар е оној што избувна во вторникот на 18 јули во областа Ембона на Родос во шумска област со густа вегетација.

Рано утрото пожарот беснееше на тешко место, меѓутоа, како што истакна во четвртокот наутро заменик-градоначалникот на Родос, „сите три фронта се во рецесија“.

Како што рекоа пожарникарите, веќе нема активен фронт во Дервенорија и Лутраки, но има расфрлани жаришта.

Противпожарната бригада беше во состојба на готовност во текот на ноќта, спречувајќи секакво разгорување.