Се слушна силна бучава и за неколку секунди исчезна автопатот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

На социјалните мрежи се појави застрашувачка снимка на која се гледа како се руши цел автопат.

Овој призор го забележале камерите во градот Гуанган во провинцијата Сечуан на југозападот од Кина.

Немало мртви и повредени во инцидентот кој се случил околу седум часот наутро во недела.

Италијански автопат: Чудо од 190 тунели и 480 мостови (фото+видео)

Loading...

Автопатот се срушил во близина на подземна гараѓа во еден апартмански комплекс, пренесува Дејли мејл.

– Спиев кога одеднаш слушнав бучава, но не застанав – рекол жител кој живее над срушениот дел од автопатот.

Човекот кој бил сведок на колапсот вели дека видел пукнатини на автопатот по обилните дождови. Пукнатините станувале пошироки.

Вкупно 50 лица биле евакуирани, а дозволено им е да се вратат, откако властите ја испитале безбедноста на подрачјето.

https://youtu.be/bBO1iqSRjSM

Leave a Reply