Се сликала гола пред црква и предизвикала бес кај верниците: Сега ѝ се заканува и казна затвор

Сподели со своите пријатели

На руската стрим ѕвезда Полина Муругина (24) и се заканува сериозна парична казна или затвор бидејќи позирала гола пред црква во Москва.

Loading...

Таа се соочува со парична казна од 3.000 фунти или една година затвор доколку биде прогласена за виновна за „навреда на верските чувства на парохијаните“, пренесува Дејли Стар.

Таа позирала пред влезот на црквата Пресвета Богородица во Москва, целата во тетоажи и без облека, а фотографијата која е направена минатото лето е пријавена во полиција.

 

 

Инфлуенсерката не ја коментираше полициската акција и казната што и се заканува, но во меѓувреме ги затвори своите сметки на социјалните мрежи.

Нејзината пресуда би била најновата санкција на руските власти за некој кој на кој било начин ги сквернави светите места и чувствата на верниците.

Loading...

Минатата година московскиот суд осуди двајца шегобијци на 10 месеци затвор за симулирање на орален секс во близина на катедралата Василиј Велики на Црвениот плоштад.