Се симнал од небото или слетал од вселената? Јаслите во Ватикан ги вознемирија Италијанците (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Неколку необични јасли беа поставени на плоштадот Свети Петар во Ватикан последниве години, но оваа година изгледаат како да се од вселената, велат нивните критичари.

Loading...

Меѓу керамичките фигури на овогодишните футуристички јасли во Ватикан е еден астронаут и лик кој потсетува на Дарт Вејдер од „Војна на ѕвездите“ и досега тие добија толку многу негативни критики што ако се работеше за бродвејска претстава, тие ќе откажеа и ќе престанеа да се прикажуваат уште првата вечер.

Некои корисници на социјални мрежи, можеби во согласност со преовладувачкото расположение во текот на 2020 година, ги нарекоа вознемирувачки и целосно неубедливи. Другите беа поостри.

 

 

„Што по ѓаволите направија на плоштадот во Ватикан?“, напиша корисникот А.А. Микеланџело. „Ми недостигаат соодветни зборови за да го опишам ова ужасно дело, кое најверојатно потекнува од друга планета.

Марија, Јосиф, тројцата кралеви и пастирите изгледаат како шаховски фигури, а ниту животните не се многу подобри.

Loading...

Ватикан поставува различни јасли секоја година, а тие обично ги донираат градови или уметници.

Овогодинешната модернистичка копија веќе беше изложена на повеќе места, а ја создадоа ученици и наставници од Кастели, италијански град во провинцијата Абруцо, познат по правење керамички предмети.

Италијанците секоја година традиционално додаваат нов карактер во јаслите за да ги отсликаат тековните настани.

Скршен брод беше ставен во ватиканските јасли минатата година, што претставуваше неволји со кои се соочуваат бегалците и едно лице во посета на затвореник во неговата ќелија, што симболизира добротворна организација.

Јаслите за лани беа направени од 720 тони песок од плажа.

Според описот за посетителите, астронаутот од јаслите оваа година претставува човек кој слетал на Месечината кон крајот на 1960-тите и раните 1970-ти.

Loading...

Еден корисник на социјалните мрежи објави слика на која е прикажана фигура од јаслите оваа година како поставува знаме на Ватикан на Месечината.

На втората фотографија се гледа како Дарт Вејдер ги замолува минувачите да му го покажат патот до плоштадот Свети Петар.

Leave a Reply