Се што треба да знаете за велигденските јајца

Сподели со своите пријатели

Купете чисти и неоштетени јајца, задолжително пред варење измијте ги со млака вода.

Покрај естетиката сепак е важно да водиме сметка и за здравјето. Бидејќи велигденските јајца доста стојат – првин чекаат од петок до недела, а потоа стојат на маса додека не се изедат, (2-3 дена), ви пренесуваме неколку најважни совети за купување.

Loading...

– Ако јајцата ги купувате на пазар, заадолжително одете рано наутро, за да избегнете јајца кои долго стоеле на штандот, особено ако надвор е топло.

– Купете чисти и неоштетени јајца.

– При варењето, најдобро е да ги варите јајцата 12 минути од моментот на вриење.

– Ако не ги бојадисувате јајцата природно, односно со помош на намирници со силни бои, кога ќе купувате бои во кесички, земете ги оние кои се означени како прехранбени бои.

– Сировите јајца се потенцијален извор на салмонела, па се советува пред варење да ги измиете со млака вода.

–  Фарбајте онолку јајца колку што мислите дека ќе изедете, затоа што голем грев е да се фрла храната, а особено велигденските јајца.

– Јајцата кои се фарбани, неизлупени и без оштетена кора, а стојат неколку часа на собна температура или неколку пати се вадени од фрижидер, би требало да ги изедете во рок од еден до два дена.

Фото: Пиксабеј

Loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *