Се што треба да знаете за полицискиот час

Сподели со своите пријатели

Владата на Република Северна Македонија донесе најригорозна мерка во историјата на постоењето на државата, се воведува полициски час на целата територија започнувајќи од утре од 21 часот.

Loading...

Ќе трае секој ден во период од 21 до 06 часот наутро, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот и да се заштити населението.

Како што рече премиерот Оливер Спасовски, нема компромис кога е здравјето на граѓаните во прашање, мерките мора сите да ги почитуваме и само така ќе ги спасиме народот и државата.

– Повторувам дека веќе ништо не е исто. Животот радикално се промени, како кај нас, така и во целиот свет. Таа ситуација бара од нас исто такво радикално менување и на нашето секојдневие. Владата ја донесе оваа тешка одлука врз основа на стручно мислење на Комисијата за заразни болести, според нивни анализи и научни сознанија за интензивирање на локалното пренесување се налага ваква радикална мерка за да се спречи натамошно ширење на вирусот, рече Спасовски.

Со цел спречување вирусот да се шири на територијата на целата држава, Владата одлучи:

– Да се забрани движење на населението во временски период од 21 до 6 часот, а со цел спречување на ширење на заразната болест Ковид 19 и заштита на населението.

– Од оваа забрана се исклучуваат лица кои имаат потреба од итна медицинска помош, животно загрозувачка состојба, лица на дијализа исклучиво во придржуба на најмногу две лица. Доколку поради итноста на здравствена состојба возилото биде забрено од полиција ќе се евидентира и ќе се провери оправданоста на излегувањето и превозот до институцијата преку медицинска документација по завршување на медицинскиот преглед, ова е усовршен став со Министерството за внатрешни работи и е оперативно изготвено.

– Директорите на јавни здравствени установи да направат список на лица за неопходна потреба за движење вон времето и ќе го достават до Министерството за внатрешни работи или друга установа со цел изготувување специјални пропусници за лица кои можат да се движат вон рестриктивните часови. Со тоа МВР ќе има комплетен увид за временскиот период кога овие лица ќе се движат.

Loading...

– Во контектст на рестрикциите не се опфатени припадници на Министерството за внатрешни работи, Армијата на Република Северна Македонија, Територијалните противпожарни единиц, лица вработени во комунална хигиена кои се во моментот на работа на смена.

– Да се ограничи бројот на дежурни аптеки и да се назначат од Министерството за здравство или Агенцијата за лекови МАЛМЕД и Фондот за здравствено осигурување одреден број аптеки кои ќе дежураат во рестриктивен период, а да бидат локациски поврзани со дежурни здравствени институции.

– Пристапот до дежурни аптеки ќе се ограничи на лица кои имале медицински преглед во здравствена установа, а за тоа ќе достават извештај за прегледот.

– Да се задолжат такси компании да воведат дежурства со ограничен број возила и да бидат користени само за превоз кон и од болничка установа и аптека, а таксистите задолжително да користат лична заштитна опрема, маски и ракавици.

– Се забранува движење на возила од јавен превоз од 21 до 9.

– Дежурните екипи на ЕВН, Вддовод, топлификација, телекомуникациски оператори, смеат да се движат само по претходна најава на 192 во МВР.

– Да се организира меѓуградски и јавен превоз со ограничување на капацитетот на превоз за патници со 50 отсто на возилото или одржување растојание од 2 метри меѓу патниците и тоа само со заштитна опрема, маска и ракавици.

– Се забранува собирање на население во групи поголеми од пет лица, во период на 24 часа.

Loading...

– Директори и управители на погони и институции да го прилагодат работното време согласно забраната за движење.

– Во трговски објекти, аптеки и јавни установи кои даваат услуги за населението каде се плаќа на каси или шалтери да се ограничи присуство на граѓани согласно бројот на каси и шалтери, колку каси и шалтери толку и граѓани. Времетраењето на задржување во обие објекти го одредуваат менаџерите на објектите.

Како што вели Спасовски, потребно е секој од нас да се прилагоди на оваа крајно загрижувачка ситуација и да преземе се за максимално и одговорно однесување, секој еден граѓанин и секој еден субјект е повикан да биде дел од оваа наша заедничка битка.

– Ако сакаме да си ја заштитиме нацијата, сите мораме да се однесуваме вонредно и најодговорно, за животот на нашите граѓани се работи, за опстанокот на нашиот економски систем. Затоа сите да се кренеме на висината на задача и ќе ја решиме оваа задача. Мора најригорозно да ги почитуваме мерките, ако го направиме тоа сите ние ќе ја совладаме заканата и заедно ќе излеземе многу посилно, рече Спасовски.

Премиерот порача да им одадеме признание на здравствени работници, полициски службеници, припадниците на Армијата и сите останати кои беа дел од системот на борба против оваа зло за се што досега направија.

– Да им ги создадеме сите услови да продолжат успешно да ги остваруваат нивните задачи на справување во оваа криза за сето она што ќе го прават во претстојниот период. Да им се заблагодарам на медиумите, новинарите, снимателите, фоторепортерите, на сите медиумски работници за нивниот придонес во оваа наша заедничка борба. Тие се многу значаен фактор за сопречување на ширеење на вирусот, порача премиерот Спасовски.

Ако сите ги почитуваме мерките што ги воведуваме, вели тој, значително ќе го намалиме ризикот и времето и ќе го вратиме нашето безбедно секојдневие.

Овие мерки се затоа што нема компромис кога е здравјето на раѓаните во прашање, да ги почитуваме, само така успешно ќе се справуваме со состојбата, ќе си ги спасиме семејствата, народот, државата, заврши Спасовски.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply