Бројот на жртвите од земјотресот што ги погоди Турција и Сирија надмина 21.700, а бројот може дополнително да се зголеми додека спасувачките тимови пребаруваат низ урнатините на илјадниците урнати згради.
Повеќе од 75.000 луѓе беа повредени во двата разорни земјотреси што го погодија регионот во понеделникот.
За жал, тлото не мирува, па изутринава тоа подрачје го погодија серија нови земјотреси.
Во исто време, корисниците сè уште споделуваат нови снимки од моментите кога пред неколку дена им се случило најпогубното.
Заедно со видеата од херојската борба на настраданото население и спасувачите кои патуваат низ светот, на социјалните мрежи се шират и нови видеа од моментот кога еден од земјотресите го погоди подрачјето.
На видеото на кое се гледа јачината на земјотресот, може да се види како се тресе тлото во градот Кахраманмараш, се движи асфалтот и се одбиваат автомобилите.
🔴 BREAKİNG NEWS
Another shocking image of the 7.7 magnitude earthquake in Turkey emerged.👇❤️🙏😔 #Turkey #earthquake #deprem #kahramanmaras #Turquía pic.twitter.com/3KKm20flzk— Eren ☭🇹🇷 (@Eren50855570) February 9, 2023
Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.