Се шират страшни снимки, со наводно обезглавување на украински војници (ВОЗНЕМИРУВАЧКО)

Сподели со своите пријатели

Минатата недела на социјалните мрежи се појавија две видеа на кои наводно се гледаат обезглавени украински војници.

Се чини дека снимката прикажува два различни настани – едниот е снимен неодамна, додека другиот, врз основа на количината на лисја што се гледаат на земјата, се чини дека е снимен во текот на летото, пишува CNN.

Првата снимка, која беше објавена на 8 април на проруски канал на социјалните мрежи, наводно е снимена од руски платеници од групата Вагнер, а на неа се гледаат обезглавени тела на двајца украински војници кои лежат на земја покрај уништено воено возило.

На видеото се слуша глас на војник, кој е променет за да се спречи идентификација.

„(Оклопното возило) е заебана мина“, вели глас од руски јазик.

Очигледно мислејќи на телата на земја, гласот, смеејќи се, продолжува:

„Ги убиле. Некој им прошол. Тие дошле до нив и им ги отсекле главите“.

Според видеото се чини дека и на загинатите војници им биле отсечени рацете.

На руските профили на социјалните мрежи пишува дека видеото е снимено во близина на Бахмут во источна Украина, каде што многу месеци се случуваат најжестоките борби во војната, а во која активно учество земаат борците на Вагнер.

Локацијата на видеото не е независно потврдена.

Друго видео покажува обезглавување на војник

Друго видео кое е објавено на Твитер и е многу матно, изгледа како да е снимено во текот на летото поради количеството лисја на земјата, пишува CNN.

Наводно се гледа како руски борец користи нож за да обезглави украински војник.

Гласот на почетокот на видеото сугерира дека жртвата можеби била жива кога започнал нападот.

Набргу по објавувањето на видеата, Андриј Јермак, главен советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, на Твитер напиша: „Тие ќе одговараат за сè“.

Во понеделникот, Институтот за проучување на војната (ISW) рече дека Вагнер „наводно продолжува да врши воени злосторства со обезглавување на украинските војници во Бахмут“, повикувајќи се на фотографијата споделена на проруските социјални мрежи на која се гледа како глава поставена на шилец. ISW тврди дека во овој случај се работи и за украински војник.

ISW објави слични инциденти во Попасна, во регионот Луганск, каде што трупите на Вагнер исто така оперираа порано во војната.

Некои проруски канали на социјалните медиуми сугерираат дека украинските сили се одговорни за обезглавувањето во обид да ја сокријат идентификацијата.

Шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, даде слично тврдење во јануари, откако неговите борци објавија дека пронашле тела со отсечени раце и глави во близина на Бахмут.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.