Цистерна со гориво рано утринава се запали на мостот на Крим, објави руската државна новинска агенција РИА, додека украинските медиуми јавија за експлозијата, а на снимката објавена на Твитер се гледа возот во пламен.
На Твитер кружат наводни снимки од моментот на експлозијата.
Russian Telegram channels are sharing this video which is allegedly CCTV footage of the explosion. https://t.co/3ooL473SJA pic.twitter.com/zMFK6ADkoR
— Rob Lee (@RALee85) October 8, 2022
Сообраќајот беше прекинат на патниот и железничкиот мост, отворени во 2018 година за да го поврзат Крим со руската транспортна мрежа.
„Цистерна за гориво на еден од деловите на мостот на Крим гори. Сводовите не се оштетени“, јави РИА, повикувајќи се на претставник на провинцијата, но не ја прецизираше причината.
More videos pouring in now. pic.twitter.com/MnpIbkueTy
— Kevin Rothrock (@KevinRothrock) October 8, 2022
Ројтерс објави извештаи од украинските медиуми кои тврдат дека на мостот се случила експлозија околу 6 часот наутро, а на снимката објавена на Твитер се гледаат бројни вагони со гориво запалени на железничкиот дел од мостот, додека патниот дел од мостот е тешко оштетен.
Ројтерс не можеше независно да ги потврди тие извештаи и снимки.
More videos from some motorists who decided to get awfully close to the roadway that was moments from collapsing into the water. pic.twitter.com/Fr4bqlNWDl
— Kevin Rothrock (@KevinRothrock) October 8, 2022
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.