Се сеќавате на ДАРА од „Жикина Династија“? Еве како таа изгледа денес (фото)

Сподели со своите пријатели

Актерката Дара Чалениќ се опоравува по мозочниот удар, поради што не може да се врати во Америка и да го продолжи лекувањето, открива нејзиниот сопруг Владо.

Дара Чалениќ (84) остана запаметена како сопруга на Жика Павловиќ, но и по познатата реченица „Бобо, љуби га мајка“ од серијалот југословенски филмови „Луде године“.

Актерката со раскошен талент во седумдесетите години ја напушта Југославија, се преселила во САД и скоро исчезнува од актерската сцена. Во Белград се вратила туристички пред две години и непланирано останала подолго поради мозочен удар. Паднала во колични и нејзиното заздравување оди бавно, но со својот сакан сопруг, професорот Владимир Петрич се надева дека од битката ќе излезе како победник.

Дара е лошо. Не можеме да патуваме. Ги откажав предавањата на Харвард. Не прашувајте ме. Тешко ќе може да ве прими и да даде интервју рекол Влада со кој Дара половина век дели и добро и зло, пишува српски „Курир“.

Последните фотографиите од актерката и нејзиниот сопруг ги нарпавил младиот актер Владан Чалија, а на нив Дара и натаму и покрај неволјите не ја симнува насмевката од лицето.

 

Loading...

Таа има снимено 20 филмови, играла во повеќе телевизиски серии и дрмаи. Стоеше како рамноправен партнер со Гидра Бојаниќ.

„Сине Бобо, љуби га мајка“ – реплика која ја следи Дара уште од првиот филм во серијалот, а потоа следеа и продолжетоци, за да остане неизбежна асоцијација на оваа актерка и уште повеќе на приказната за Марија и Бобо. Милиони гледачи ги насмеа Гидра во улогата на хер Жика Павловиќ и неговите бројни хумористични сцени.

Дара игра во само првите три филмови од серијалот „Луди години“. Поради заминувањето во САД во следното продолжение дознаваме дека таа починала бришејќи прозорци. На нејзиното место доаѓа Весна Чипчиќ како нова жена на Жика, што доста и помогна во нејзината кариера.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.