Се сеќавате ли на оваа популарна шара од ТВ екраните? Еве што значеше (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Повозрасните генерации сигурно паметат и се присеќаваат на оние моменти кога доаѓаше до прекин на програмата, се слушаше ужасно пиштење, а на екранот се појавуваа необични шарени квадрати, правоаголници и шари.

Loading...

Дали знаете зошто тоа се прикажуваше?

 

Овој телевизиски тест сигнал обично се емитува во моменти кога трансмитерот е активен, но не се емитува програма, односно во време кога телевизискиот програм не се емитувал 24 часа како денес.

Шарите главно го следи и пиштење, едноличен тон, меѓутоа некои телевизиски станици во пазиданата на тест картата пуштале и радио сигнал или инструментална музика.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто полициското комбе се нарекува и марица? (ВИДЕО)

Ова е користено од самите почетоци на телевизијата. Првин биле реални картици во кои е вперена камера, а главна цел била управување со камери и камкордери и калибрација на сигналот.

Кругот бил тука поради подесување на линеарноста во време кога во телевизорите се користеле елктронски цевки.

Тест картите главно содржат одреден сет шари кои овозможуваат на телевизиските камери и гледачи адектатно да ја подесат сликата на своите уреди.

Loading...

Централниот дел на тест картата биле ленти во различни бои и тоа од лева кон десна страна, по ред: бела, жолта, цијан, зелена, магента, црвена и сина.

Покрај таа боја, тоа се наоѓа во различни нијанси на црна кои овозможуваат јачината на светлото и контрастот на екранот да се подесат што подобро.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто има многу раси кучиња, а малку раси мачки? (ВИДЕО)

Најпознатата тест карта е направена во 1966 година во лабараторија на компанијата „Филипс“.